За нас


  Советот е ново и посебно тело во рамките на Здружение на судии на Република Северна Македонија што ги обединува судиите и новинарите и поттикнува дискусија за прашања од заеднички интерес, насочени кон понатамошно зајакнување на судската транспарентност и овозможување на јавен пристап до информации за судски случаи.

С.М.С. е завршен резултат од двегодишниот проект „Подобрување на капацитетите на судството во Република Северна Македонија“, спроведен од Здружението на судиите со поддршка и соработка на Амбасадата на Соединетите Американски држави во Република Северна Македонија. Ноговото формирање се јави како реакција на недостигот на комуникација помеѓу судовите и јавноста.

Моделиран по премерот на Судско-медиумската комисија при Врховниот суд на Масачусетс, Судско-медиумскиот совет е американско практично решение втемелено на европските принципи и начела на судска транспарентност и јавност, содржани во одлуките на ССЈЕ (Европскиот консултативен совет на судиите). Неговата цел е да ги унапреди односите помеѓу медиумите и судовите во Северна Македонија во делот на отворена комуникација, снимање и следење на судења, пристапот на јавноста до судски и предметни информации, како и изнаоѓање на механизми за превенција од дезинформации. Европската комисија во извештаите за напредокот на земјата во 2018 и 2019 година го нотира Советот како позитивно решение за зајакнување на судската транспарентност во земјата.

Преку своите активности, Советот не само што ја поттикнува дискусијата меѓу судиите, правните практичари, експертите и медиумите, туку и овозможува континуирано учење и зајакнување на вештините преку посебните школи „Правна школа за новинари“ и „Новинарска школа за судии“. Целта е заемно запознавање на двете професии, градење на коректни и професионални односи и зајакнување на јавната доверба во судовите.

Одлука за формирање

Одлука за формирање на судско-медиумски совет


Одлука за измена

Измена на одлуката за формирање на судско-медиумскиот совет од 17.09.2020 година


Стратегија

Стратегија на Судско медиумски совет 2018-2023 година







ПУБЛИКАЦИИ

Прирачник за судска транспарентност

ТРАНСПАРЕНТНО СУДСТВО ПРИРАЧНИК ЗА СУДИИТЕ И ЗА НОВИНАРИ

Скопје, 2020

Guidebook for judges and journalists

TRANSPARENT JUDICIARY: GUIDEBOOK FOR JUDGES AND JOURNALISTS

Skopje, 2020

А.Божиновски - СМС,Загребачка правна ревија

ESTABLISHMENT OF THE JUDICIAL MEDIA COUNCIL OF MACEDONIA AS A TOOL FOR ENHANCING JUDICIAL TRANSPARENCY AND A REVIEW OF THE FORMALISATION OF COOPERATION BETWEEN JUDGES AND JOURNALISTS

ИЗВЕШТАЈ НА ИНСТИТУТОТ CEELI

ПРАКТИЧНИ УПАТСТВА ЗА КОРИСТЕЊЕ СОЦИЈАЛНИ MЕДИУМИ ОД СТРАНА НА СУДИИТЕ: ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

ДОКУМЕНТИ













Членови

Членови на Судско-медиумскиот совет

Васко Маглешов

Претседател Новинар Призма.мк

Елена Ивановска Мукоска

Член Новирнар ТВ Телма

Зоран Јаневски

Член Новинар ТВ Сител

Ардит Рамадани

Член Новинар ТВ Аллсат

Михаела Димовска

Член Новинар ТВ Канал 5

Михајло Донев

Член Телевизија 24

Саније Дураку

Член МТВ 2

Александар Атанасов

Член Медиумска Информативна Агенција „МИА“

Мирјана Лазарова Трајковска

Потпретседател судија на Врховен суд РСМ

Иван Џолев

Член претседател на Основен кривичен суд

Бурим Сејдини

Член претседател на Управен суд на РСМ

Ѓорѓи Андонов

Член претседател на Основен суд Штип

Емилија Шопар Јованова

Подпредседател судија на Основен граѓански суд

Јасмина Шишковска-Стојковиќ

Член судија на Основен суд Прилеп

Бетим Јахја

Член судија на Основен суд Тетово


Поранешни членови

Членови на Судско-медиумскиот совет до декември 2022

Иван Џолев

Претседател

Шпенд Деваја

Член

Илир Сулејмани

Член

Миле Димовски

Член

Тодор поп Панев

Член

Едита Насковска

Член

Шефајет Хајдари

Член

Гордана Дувњак

Член

Христина Беловска

Потпретседател

Васко Маглешов

Член

Елена Ивановска Муковска

Член

Михаела Димовска

Член

Соња Колевска Делевска

Член

Флора Балули

Член

Бојан Стојановски

Член



Програмски тим

на Судско-медиумскиот совет



  • Петта седница СМС

    м-р Марија Величковска

    Правен соработник при Здружението на судиите на Република Северна Македонија
















Контакт







Адреса

Здружение на судии на Северна Македонија, Бул. Крсте Мисирков бр.1 (зграда на Апелационен суд), 1000 Скопје, Северна Македонија.

Е-маил

mja@mja.org.mk

sudskomediumskisovet@gmail.com

Телефон

02 312 0912