Судско-медиумскиот совет со длабока тага ја прими веста за смртта на Гордана Дувњак, првиот претседател на Советот и долгогодишен новинар со исклучителен придонес во развојот на професионалното и одговорно новинарство.
Нејзината посветеност, интегритет и визија оставија траен белег во унапредувањето на односите меѓу судството и медиумите, како и во градењето на транспарентно и одговорно општество.
Изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, колегите и сите кои имаа чест да соработуваат со неа.
Нејзиното дело и вредности ќе останат трајно вградени во работата на Судско-медиумскиот совет
Прочитај повеќе...