За нас


  Советот е ново и посебно тело во рамките на Здружение на судии на Република Северна Македонија што ги обединува судиите и новинарите и поттикнува дискусија за прашања од заеднички интерес, насочени кон понатамошно зајакнување на судската транспарентност и овозможување на јавен пристап до информации за судски случаи.

С.М.С. е завршен резултат од двегодишниот проект „Подобрување на капацитетите на судството во Република Северна Македонија“, спроведен од Здружението на судиите со поддршка и соработка на Амбасадата на Соединетите Американски држави во Република Северна Македонија. Ноговото формирање се јави како реакција на недостигот на комуникација помеѓу судовите и јавноста.

Моделиран по премерот на Судско-медиумската комисија при Врховниот суд на Масачусетс, Судско-медиумскиот совет е американско практично решение втемелено на европските принципи и начела на судска транспарентност и јавност, содржани во одлуките на ССЈЕ (Европскиот консултативен совет на судиите). Неговата цел е да ги унапреди односите помеѓу медиумите и судовите во Северна Македонија во делот на отворена комуникација, снимање и следење на судења, пристапот на јавноста до судски и предметни информации, како и изнаоѓање на механизми за превенција од дезинформации. Европската комисија во извештаите за напредокот на земјата во 2018 и 2019 година го нотира Советот како позитивно решение за зајакнување на судската транспарентност во земјата.

Преку своите активности, Советот не само што ја поттикнува дискусијата меѓу судиите, правните практичари, експертите и медиумите, туку и овозможува континуирано учење и зајакнување на вештините преку посебните школи „Правна школа за новинари“ и „Новинарска школа за судии“. Целта е заемно запознавање на двете професии, градење на коректни и професионални односи и зајакнување на јавната доверба во судовите.

Одлука за формирање

Одлука за формирање на судско-медиумски совет


Одлука за измена

Измена на одлуката за формирање на судско-медиумскиот совет од 17.09.2020 година


Стратегија

Стратегија на Судско медиумски совет 2018-2023 година







ПУБЛИКАЦИИ

Водич за новинари

ПОДДРШКА НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО СУДСТВОТО И ПРОМОВИРАЊЕ НА ЈАВНАТА ДОВЕРБА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ

ФЕВРУАРИ, 2024

Прирачник за судска транспарентност

ТРАНСПАРЕНТНО СУДСТВО ПРИРАЧНИК ЗА СУДИИТЕ И ЗА НОВИНАРИ

Скопје, 2020

Guidebook for judges and journalists

TRANSPARENT JUDICIARY: GUIDEBOOK FOR JUDGES AND JOURNALISTS

Skopje, 2020

А.Божиновски - СМС, Загребачка правна ревија

ESTABLISHMENT OF THE JUDICIAL MEDIA COUNCIL OF MACEDONIA AS A TOOL FOR ENHANCING JUDICIAL TRANSPARENCY AND A REVIEW OF THE FORMALISATION OF COOPERATION BETWEEN JUDGES AND JOURNALISTS

ИЗВЕШТАЈ НА ИНСТИТУТОТ CEELI

ПРАКТИЧНИ УПАТСТВА ЗА КОРИСТЕЊЕ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ ОД СТРАНА НА СУДИИТЕ: ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

ДОКУМЕНТИ
















Програмски тим

на Судско-медиумскиот совет



  • Петта седница СМС

    м-р Марија Величковска

    Правен соработник при Здружението на судиите на Република Северна Македонија
















Контакт







Адреса

Здружение на судии на Северна Македонија, Бул. Крсте Мисирков бр.1 (зграда на Апелационен суд), 1000 Скопје, Северна Македонија.

Е-маил

mja@mja.org.mk

sudskomediumskisovet@gmail.com

Телефон

02 312 0912