Судско-медиумскиот совет склучи Меморандум за соработка со Меѓународниот славјански универзитет „Св. Николе“, со цел унапредување на меѓусебната соработка, размена на знаења и искуства и поттикнување на заеднички активности од интерес за правосудната, медиумската и академската заедница.
Со меморандумот се предвидува соработка во организација на стручни предавања, работилници, конференции, дебати и едукативни активности, како и реализација на заеднички проекти, истражувања и иницијативи за професионално усовршување.
Посебно значење се посветува на унапредувањето на комуникацијата и разбирањето меѓу правосудството и медиумите, јакнењето на професионалните стандарди, како и едукацијата на идните правни и медиумски професионалци.
Преку ова партнерство, Судско-медиумскиот совет ја потврдува својата посветеност на градење мостови меѓу правосудството, медиумите и академската заедница, во интерес на транспарентно, одговорно и професионално информирање на јавноста.
Прочитај повеќе...